Попладнево од 17 часот, закажани се четири средби од 3.коло во ПМФЛ. Да потсетиме дека дербито се играше вчера, на кое Вардар со 2:0 славеше над Работнички.

Во Струга, домашниот тим на Трим Лум го дочекува Силекс, тоа ќе биде тврда борба, борба за секоја педа од теренот на стадионот покрај Охридското езеро. И двете екипи имаат по една победа и еден пораз.

Забревтаната Ренова, која досега е единствена со максимални шест бодови, за првпат сезонава ќе гостува. И ќе гостува на Чаир, каде многу малку екипи може да се пофалат дека освојуваат бодови. Секако дека Шкупи и Ренова ќе одиграат квалитетен натпревар, меч на задоволство на фановите кои ќе дојдат попладнево на стадионот на Чаир.

Шкендија се разбира дека е време да се разбуди. Дали тоа ќе биде денеска против „лавовите“, останува да видиме. Во секој случај момците на стратегот Ќатип Османи се под неверојатен притисок.

И во Струмицам на стадионот на „Младост“, Академија Пандев ќе оди на три бода против Борец, тим кој во минатото коло покажа дека знае да ги изненади и најголемите фаворити. Во секој случај не очекува интересно, пеколно топло, неделно фудбалско попладне.

 

ДВОЈКИ ЗА 3. КОЛО – ДЕНЕСКА 17 Ч

Струга: СТРУГА ТРИМ ЛУМ – СИЛЕКС

Скопје: ШКУПИ – РЕНОВА

Тетово: ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП

Струмица: А. ПАНДЕВ – БОРЕЦ

ВЧЕРА:

ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ 2:0