Нова бламажа на Шкендија. Иако не загуби, иако постигна гол, сепак не победи. Одигра со Македонија ЃП само 1:1. тетовци имаа шанси, имаа иницијатива. Се чини дека во Тетово време е за откази. Паду ги донесе „лавовите“ во водство а Бејтулаи само израмни за конечни 1:1.

Бурно реми на Чаир, полно со пресврти, на крајот Јурина – Селмани односно Шкупи – Ренова 2:2. Убав фудбал и доста голови. Малку недостигаше, само неколку минути „гипсарите“ да слават победа и во третиот меч, но Шкупи се спаси во самиот финиш.

Втор домашен меч за Струга Трим Лум и втора победа. Христијан Кировски е творецот на новите три бода со двата гола. Силекс добро се држеше, едно време имаше и 1:1, но Струга успеа да го освои целиот плен.

Пандевци тераат по планот. Нови три бода, овојпат против Борец. Прво Дориев а потоа со супер гол и Танушев за конечни 2:0. Велешани долго време играа со играч помалку, откако Блажевски доби црвен картон.

 

РЕЗУЛТАТИ – 3.КОЛО

ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП 1:1

(Бејтулаи 40./Едуардо 38.)

СТРУГА ТРИМ ЛУМ – СИЛЕКС 2:1

(Кировски 38., 65., /Д. Гроздановски 50.)

ШКУПИ – РЕНОВА 2:2

(Јурина 41.. 90./Селмани 44., 82.)

А. ПАНДЕВ – БОРЕЦ 2:0

(Дориев 45., Танушев 50./)

ВЧЕРА:

ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ 2:0

(Колевски 56., Аврамовски 90.)

#🇲🇰 КЛУБОдиграниПобедиНерешениПоразиДГПГБодови
1Акад. Пандев64207114
2Вардар64118313
3Македонија ЃП632110611
4Шкупи6222778
5Струга ТЛ6222688
6Шкендија6213647
7Ренова6213587
8Силекс6204886
9Работнички6204596
10Борец61142104