Конечно, по 220 минути оваа сезона Шкендија успеа да постигне гол. Стрелец беше Бејтулаи во 40.минута. Но тој само израмни на 1:1 зошто „лавовите“ водеа со голот на Едуардо. Кировски и носи водство на Струга Трим Лум, додека на Чаир е 1:1.Јурина стрелаше за Шкупи а израмни Селмани. Во Струмица пак Академија Пандев во последните секунди од средбата постигна гол за 1:0.

РЕЗУЛТАТИ – 3. КОЛО

Шкендија – Македонија ЃП 1:1

Струга Трим Лум – Силекс 1:0

А. Пандев – Борец 1:0

Шкупи – Ренова 1:1

ВЧЕРА:

Вардар – Работнички 2:0