Шкендија имаше катастрофален старт во сезоната, два порази во двата меча, и двата на гости. Денеска од 17 часот против Македонија ЃП, за првпат ќе игра дома пред своите фанови. Трите бода и победата се приоротет, се друго за момците на стратегот Ќатип Османи ќе биде лошо, многу лошо. Од атмосферата на вчерашниот тренинг се гледа дека сите играчи се решени „лавовите“ да паднат под Шара.