Играчот за врска на Јувентус, Миралем Пјаниќ имаше што да каже по мечот со Парма, во кој неговиот тим победи на гостувањето со 1:0.

По средбата тој на Инстаграм сподели фотографија на која на десното стопало има исеченица, а коментарот е „Нема фаул“, што најверојатно се однесува на главниот судија Федерико Марсезе и неговото делење на правдата на мечот.