Возачот на Сузуки Алекс Ринс триумфираше на 12. трка на овогодишниот Мото ГП шампионат за Големата награда на Британија. На ппуларната „Силверстоун“ Ринс го претекна големиот фаворит и лидер во генералниот пласман Марк Маркез на Хонда во самиот финиш.

Младиот Шпанец до втората победа оваа сезона стигна со само 13 илјадитинки предност во однос на брнителот на титулата. На подиумот како трет се искачи Марк Вињалес на Јамаха кој беше за шест десетинки зад актуелниот шампион.

 

Инаку Големата награда на Британија ја одбележа инцидент од првиот круг, кога возачот на Петронас Јамаха Фабио Квартараро падна од моторот, кој притоа го „собра“ и Довициозо и го исфрли од патеката. Италијанецот остана да лежи на патеката, додека неговиот Дукати гореше. Тој е префрлен во болница во Ковентри и нема скршеници но има мал потрес на мозокот како резултат на силен удар во главата.

 

Петкратниот светски шампион Хорхе Лоренцо, кој се врати на патеката откако пропушти три трки поради повреда го зазеде 14. место.

Маркез е на чекор до овојување на титулата затоа што сега има 250 бодови на чело во генералниот пласман, а втор е Довициозо со 172, додека сега Ринс е трет со 149.

Следната трка во Мото ГП шампионат во Сан Марино на 15. септември.