Горан Пандев и неговата Џенова останаа непоразени на тешкото гостување во Рим кај екипата на Рома во првото коло од новата сезона во италијанската Серија А лига. Рома и Џенова одиграа ефикасно со 6 постигнати гола, но на крајот средбата заврши со резултат 3:3.

Пандев почна од клупата, но својата 16-та сезона во најсилното фудбалско друштво на „чизмата“ ја започна во 86. минута, кога го замени стрелецот на еден од головите за Џенова на денешниот меч, Пинамонти.

Од останатите вечерни натпревари вреди да се издвои убедливата победа на Лацио на гостувањето кај Сампдорија од 3:0, како и фантастичниот кам-бек на Аталанта на гостувањето кај СПАЛ. Имено, тимот од Бергамо губеше со 2.0, но до крајот успеа да направи целосен пресврт и со 3:2 да ги освои првите три бода во новата сезона.

РЕЗУЛТАТИ – 1. КОЛО

Удинезе – Милан 1:0

Рома – Џенова 3:3

Сампдорија – Лацио 0:3

Торино – Сасуоло 2:1

СПАЛ – Аталанта 2:3

Каљари – Бреша 0:1

Верона – Болоња 1:1