Клубот кој настапува во третата Бундеслига, Кемницер повторно има сериозни проблеми со своите најрадикални навивачи, кои се декларираат како ултрадесничари и неонацисти.

Тие на натпреварот со Баерн, кој заврши 2:2, во текот на целите 90 минути ги навредуваа гостинските играчи на расистичка основа, а меѓу нив имаше и неколкумина со темна боја на кожа. Фановите во еден момент се свртеле и против својот тим, нарекувајќи го спортскиот директор „еврејска свиња“.

Клубот официјално се извини и го осуди ваквото однесување на навивачите, а управата им забрани на фудбалерите по натпреварот да одат и да ги поздрават фановите. Кемницер е клубот, кој пред неколку месеци го раскина договорот со поранешниот капитен Даниел Фран, поради отвореното неонацистичко однесување и седење со радикалните навивачи на трибините за време на еден натпревар.