Стефан Спировски после 10 месеци се врати на терените. Негов последен настап беше против Лихтенштајн на 16 ноември минатата година кога доби тешка повреда. Пред неколку месеци направи и операција.

Спировски се најде во стартниот состав за Ференцварош против Пушкаш Академија, натпревар кој се игра во моментов, и на истиот успеа да постигне водечки гол во 12. минута.

Ова е добра вест и за селекторот Игор Ангеловски кој што ќе може да смета на играчот од средниот ред за следните квалификациски натпревари.