Мартин Томовски дебитираше во Бундес-лигата, но за жал првиот меч во една од најсилните ракометни лиги во Европа нема да го памети по убаво. Неговиот тим Лудвигсхафен на домашен терен беше совладан од Рајн Некар со 23-26 во рамките на првото коло.

Томовски застана на голот на Лудвигсхафен, запиша три интервенции.

Рајн Некар се помачи за да дојде до првиот триумф, по нерешените 11-11 на полувремето, во вториот дел успеа да обезбеди два бода.

Од македонските ракометари во Бундес-лигата, со победа трна Филип Кузмановски и Филип Талески, додека Филип Муркуловски и Вецлар беа поразени. Колото ќе биде комплетирано со Жарко Прешевски и неговиот Штутгарт.