Шкендија и во третиот меч сезонава не успева да победи. Попладнево во Тетово одигра само 1:1 со Македонија ЃП. И сега се чини дека доста е, време е Ќатип Османи, легендарниот стратег и најдобар тренер во историјата на клубот да почне да си ги пакува куферите. Едноставно вака повеќе не оди. Ќе мора да се направи некоја шок – терапија. Вака Шкендија само си се бламира себе си. Овој тим на Шкендија мора оваа сезона да се прошета низ првенството, играчки е надмоќна и тоа како, но тој свој квалитет никако не успева да го преточи во победи. Секако дека за ова не е виновен само Османи, но не можете да му врачите отказ на целиот тим, полесно е само на тренерот. Познато е дека Османи мораше да победи со Македонија ЃП и со Борец, ако сакаше да остане на клупата на Шкендија, но еве не успева во тоа. Оној куп триумф со Гостивар беше само да се покријат слабостите.