Откако пред два дена ја совладавме Шведска со 3:2 во сетови во првиот контролен меч во СРЦ Кале, денеска нашите одбојкари го загубија вториот пријателски меч со скандинавската селекција исто така во пет сета 2:3 (21:25, 25:20, 20:25, 25:21, 13:15).

Како и во петокот, така и попладнево во Кале гледавме одличен и долг меч. За разлика од оној петочен дуел кога имавме два сета во кои една од репрезентациите доминираше, сега во сите пет сета имаше неизвесност до самиот крај. Шведска водеше со 1:0 и 2:1 во сетови, ние двапати успевавме да ги стигнеме и да израмниме, а во петтиот сет дојдовме и со предност до 13:12, но дозволивме по тајм-аутот за Шкендија, противникот да ни направи серија од 3:0 и уште во првата меч-топка да дојде до победата.

Ова беше уште еден корисен меч за селекторот Матијашевиќ, кој полека ја темпира формата на тимот кој ќе патува на ЕП во Словенија.