Бас Дост и официјално е нов играч на Ајнтрахт Франкфурт. Холанѓанецот се збогува со Спортинг Лисабон и денеска беше официјално преставен како нов член на германскиот клуб. Договорот на 30-годишниот напаѓач е за три сезони.

Германските медиуми јавуваат дека Ајнтрахт платил 10 милиони евра за правата на Холанѓанецот. Интересно е што Дост се враќа во Бундеслигата по пауза од 3 години, откако во периодот од 2012 до 2016 година, играше за Волфсбург.

„За нас беше важно да го донесеме откако си замина Себастијан Алер. Требаше веднаш да најдеме соодветна замена за да ни помогне со своетоо искуство веднаш”, рече спортскиот директор на составот од Франкфурт, Фреди Бобич.