Селекторот на израелската фудбалска репрезентација, Ендо Херцог има нов избор за прв голман на репрезентацијата за дуелот со Македонија закажан на 5 септември во Бер Шева. Според локалните медиуми, нов „бр. 1“ во репрезентацијата на Израел ќе биде Офир Марциано, актуелен голман на шкотскиот премиерлигаш Хиберниан.

На првите четири квалификациски средби во групата „Г“, на голот на Израел беше Ариел Харуш, 31-годишниот голман на холандска Спарта Ротердам. Херцог очигледно не е задоволен од настапите на искусниот голман, па неговото место ќе го заземе две години помладиот Марцијано. Причина плус е тоа што Харуш се уште нема настап за Спарта (Р).