Давид Рудиша, легендарниот кениски атлетичар минал без повреди во една тешка сообраќајна незгода во Најроби. Двојниот олимписки победник и светски рекордер на 800 метри, со својот џип се удрил во автобус, од фотографијата се гледа колку возилото е оштетено, но за среќа еден од најдобрите атлетичари на денешницава минал без никакви повреди.

„Добро се чувствувам, им благодарам на сите на поддршката“ објавил на Твитер самиот Рудиша.