Убедливи 4:0 за екипата на Интер на стартот на новата сезона во италијанската Серија А. Новиот состав на „нероаѕурите“ под водство на предводникот Антонио Конте, тотално го демолира новакот во елитата и покажа дека тргнува еден нов, моќен Интер, подготвен да ги вкрсти ракавиците со Јуве во директна пресметка за Скудетото.

Миланезите поведоа со еден фантастичен гол на Брозовиќ во 21. минута, а само три минути потоа „Џузепе Меаца“ повторно беше на нозе, откако Сенси зголеми на 2:0.

 

Во второто полувреме Лукаку го постигна својот првенец во дресот на Интер во италијанското калчо, по што следуваше уште еден прекрасен гол на Кандрева со кој домашните успешно ја завршија првата рунда од новата сезона.