Некако прерано оваа сезона ќе почнат тренерските смени во нашата Прва лига. Така денеска веројатно Умит Каран ќе си поднесе оставка од кормилото на Шкупи. Ова сценарио „Спортмедиа“ го најави уште синоќа (целиот текст ТУКА)

Умит Каран си заминува од приватни причини, и тоа ќе го образложи денеска на прес-конференција која ја најави за 13 часот на стадионот Чаир.

После него се очекува да биде Ќатип Османи. Одличниот тренер на Шкендија има лош старт сезонава, и сериозно му се тресе клупата во тетовскиот тим. Сепак, треба да се има во предвид дека Ќато има доста кредити, со оглед дека има зад себе две шампионски сезони, иако во овој шампионат Шкендија не може да се препознае себе си.

Многу тренерски смени зависат од резултатите, но оваа оставка на Каран доаѓа не од резултатите (реми, пораз и победа), туку поради приватни причини, поради кои тренрот мора да се врати во Турција. Но ако дојде до смена на Ќато, тогаш тоа дефинитивно ќе биде поради резултатите. Да потсетиме дека покрај само едниот „мизерен“ бод сезонава, Шкендија испадна и од ЛШ од Номе Калју и од ЛЕ од Дуделанж.

Или Ќато ќе си оди сега, или последна шанса ќе му биде дуелот со Борец. Таму веќе нема право на „кикс“.