Операцијата Нејмар од вчера има нов пресврт. Како што пишува шпанскиот весник „АС“, ПСЖ испратил одговор на понудата на Реал (М) за купување на Нејмар во кој се вели дека Французите би можеле да се согласат на испраќање на Бразилецот во Мадрид, но само доколку Реал им го даде својот Бразилец, Виничиус Жуниор.

Извори од преговорите велат дека Леонардо е главниот поддржувач на оваа варијанта за делумна трампа. Од Реал наводно не се сложуваат на оваа размена, но ќе размислат уште еднаш, пред да ги направат сите проценки „за и против“ предлогот на парижани.