Македонскиот пливал, Андреј Стојаноски се пласираше во финалната трка на 200 метри слободно на Светското првенство за глуви кое се одржува во Бразил.

Стојаноски кој е единствен македонски претставник на ова натпреварување (ќе се натпреварува и на 400 метри мешано), квалификациите ги заврши на првото место, исплива за време од 1:59:95. Финалната трка е закажана за вечерва, тој ќе има шанса да се бори за медал.