Ремзифаик Селмани, напаѓачот на Ренова е играчот на 3.коло. И не само поради двата гола постигнати на Чаир, туку и поради начинот на кој тој одигра против Шкупи. Секунди го делеа неговиот тим од третата победа сезонава во исто толку мечеви. Таа радост на „гипсарите“ ја спречи Јурина, и тој беше двоен стрелец, но за Шкупи. Струга Трим Лум го победи Силекс, Кировски беше двоен стрелец, а еден од најдобрите на теренот беше и Таири, и тие двајца се во тимот на колото. Вардар беше далеку подобар од Работнички, и затоа во тимот се Серафимов, Аврамовски и Брдаровски. Македонија ЃП освои голем бод кај шампионот а голманот Јовановски и стоперот Нето блескаа, и на крај од Академија Пандев тука се Танушев кој постигна супер гол и стоперот Маслаќ.

ИГРАЧ НА КОЛОТО

РЕМЗИФАИК СЕЛМАНИ

Тим: Ренова

Роден: 05.05.1997 во Тетово

Кариера: Ренова, Ујпешт, Шкендија, Љапи, Шкендија, Ренова