Двајт Хауард пред десетина години беше еден од најдобрите кошаркари во НБА-лигата, но потоа целосно исчезна од сцената. Добро ги памтиме неговите партии во дресот на Орландо, но неговата кариера почна да се движи во погрешна насока кога пред шест години дојде во ЛА Лејкерс.

Не се снајде најдобро, последниот ангажман го имаше во Мемфис, одлучи да го раскине договорот и да се врати во дресот на „езерџиите“.

Но, челниците на клубот не сакаа да ризикуваат кога станува збор со Хауард, затоа потпишаа договор кој не е виден во најсилната лига во светот.

Лејкерси и „Супермен“ имаат договор од ден за ден, кој обично се практикува во Летната лига, но и таа соработка е на десет дена. За првпат во историјата во НБА-лигата еден кошаркар може да ја мине цела сезона со договор од ден за ден.

Хауард ќе заработи 14.490 долари дневно, а доколку остане цела сезона 2,6 милиони долари. Но, Лејкерси имаат опција да го раскинат договор кога и ќе посакаат доколку тој се однесува како пред шест години.