Аријан Адеми со неговиот Динамо Загреб ќе игра во групната фаза од Лигата на шампионите. Капитенот на „модрите“ вечерва одигра 1:1 во Трондхајм на гостувањето кај Розенборг, што значеше вкупни 3:1 за хрватскиот тим и пласман во групната фаза.

Адеми веќе има настап во групната фаза од ЛШ во 2015 година, но по лошо ќе го памети настапот против Арсенал кога падна на допинг тестот што првично заработи четири години суспензија, а потоа му беше смалена на две.

Што се однесува до мечот со Розенборг, Динамо имаше многу проблеми. Најпрво губеше, потоа домашните погодија и статива, но на крајот хрватскиот тим успеа да израмни и да го обезбеди патот во „елитата“.

Тој ќе биде вториот од Македонија кој ќе игра во групната фаза, откако таму ќе се најде Елиф Елмас со Наполи, кој директно се пласираше во групите.