Унгарскиот репрезентативец Адам Салаи (31), по втор пат во кариерата ќе настапува за Мајнц. Тој денеска потпиша договор на две години за тимот за кој настапуваше од 2010 до 2013. Последен клуб му беше Хофенхајм.

„Емоционален момент за мене. Уште кога пристигнав во градот, се присетив на моментите кога играв за клубот. Имав неколку понуди, но откако стигнаа онаа од Мајнц да се вратам, не размислував“, рече Салаи.