Норвешкиот град Трондхајм е во целосна мобилизација во пресрет на реваншот на Розенборг со Динамо за пласман во Лигата на шампионите. Розенборг во првиот меч на „Максимир“ загуби со 2:0, но тоа не ги обесхрабрува Норвежаните кои имаат уште 90 минути надеж.

Со оглед на тоа дека поддршката од трибините ќе им биде и тоа како потребна на фудбалерите на Розенборг, работното време на некои кафулиња, ресторани и ноќни барови е скратено или, пак, тие воопшто нема ни да работат, а на тој начин полицијата смета дека би спречила и потенцијални навивачки нереди.

Исто така продавниците, угостителските објекти го имаат поставено знамето на клубот во знак на поддршка на нивниот пат кон групната фаза во Лигата на шампионите.