На патеката во Каталуња и следната година ќе се вози трка од Ф1, иако на ГН на Шпанија и се закануваше испаѓање од календарот.

Главната причина за ова беше што паѓа интересот и посетеноста на трките од година во година, но сепак Ф1 и организаторите ја продолжија соработката на уште една сезона.

Шпанија е потврдена, но сега под знак прашалник се Големите награди за Италија и Германија, со оглед на тоа дека со нив уште не е потпишан договор за следната година.