Откако пред само неколку дена ја заврши својата одисеја во екипата на Сепси, Марко Симоновски денеска е промовиран во ново засилување на Волунтари. Го промени клубот, но остана во истата лига.

27-годишниот голгетер и некогашен фудбалер на Вардар, Металург и Напредок од Кичево, ја продолжува својата интернационална кариера во Романија во обид да се избори за место во првиот тим на Волунтари, кој новата сезона во Лига 1 ја почна лошо и по 7 кола има само една единствена победа.

Симоновски новата сезона во Романија со екипата на Сепси ја започна со само два старта од клупата, по што ја заврши соработката и се одлучи за трансфер во Волунтари.