Дејан Милосављев никогаш нема да го заборави Вардар, Скопје, СЦ „Јане Сандански“, фановите на македонскиот првак, ниту соиграчите со кои дојде до тронот на Европка.

Младиот српски голман во „црвено-црниот“ дрес ја имаше сезоната од соништата, застана храбро на голот на Вардар како замена за Арпад Штербик и на најдобар можен начин им се заблагодари на сите кои веруваа во него.

Денеска македонскиот тим го игра првиот меч на Супер Глоуб, а Милосављев испрати порака до ракометарите.