Вчера ФК Шкендија од Тетово наполни 40 години. Иако еден од нашите најтрофејни клубови, во последните две години и апсолутен владател во мак – фудбалот, сепак овој клуб е од оние помладите. Основан е на 27 август во 1979 година, клуб на кого долго време му требаше да се етаблира во врвот на домашната фудбалска сцена.Клуб со голем број фанови, и фудбалски клуб со убедливо најмногу ФБ следачи во Македонија.

Но на тетовци не им е до славење и тоа поради големата резултатска криза која ги зафати. Токму кога требаше да се прослави роденденот, се огласи газдата Лазим Дестани со најави дека ќе има голема чистка во Шкендија, речиси во сите структури на клубот. Па така сега сите се во очекување кого тоа ќе го „зафати метлата“.