Црвена Звезда добро ќе заработи од пласманот во групната фаза од Лигата на шампионите. И до сега има добро заработено, но се претпоставува дека најмалку 20 милиони евра ќе се слеат во касата на српскиот првак по овој успех.

Затоа тимот од белградска Маракана добро ќе ги награди фудбалерите за овој успех. Планирано е сите оние кои го донесоа овој успех да поделат по 100.000 евра секој. Тоа и не е некоја значителна цифра за големите клубови, но за тим од овие простори и тоа како е добра заработувачка.

Предвидени се исто така и бонуси за освоени бодови во групната фаза, и за поминување во следната фаза, дали во ЛШ или во ЛЕ.

Што значи дека играчите на белградскиот тим и тоа како ќе се „офајдат“ од овој успех. Но, ќе заработи и клубот од билети, од ТВ права, од реклами…