Убедлив на старт на Шкупи во претквалификаците во ЛШ во футсал. Триумф од 5:0 против Кардиф од Велс, во натпревар кој се одигра вечерва во салата СРЦ „Кале“ во Скопје. Стрелци на головите на нашиот првак беа Агуши, Цека двапати стрелаше, Глигоров и Димовски.

Во текот на целиот меч Шкупи беше многу подобар ривал, имаше шанси и за повисок триумф, но и овие 5:0 се добар резултат. Во вториот меч од групата „Б“, која се игра во Скопје, Локомотив од Летонија со 7:3 славеше над Енкамп од Андора. Утревечер Шкупи се среќава со тимот од Андора.

РЕЗУЛТАТИ – 1. КОЛО

ШКУПИ – КАРДИФ 5:0

ЛОКОМОТИВ – ЕНКАМП 7:3

ТАБЕЛА

1.ШКУПИ   1       1       0       0       5:0    3

2.ЛОКОМОТИВ  1       1       0       0       7:3    3

3.ЕНКАМП 1       0       0       1       3:7    0

4.КАРДИФ 1       0       0       1       0:5    0

ИДНО КОЛО – УТРЕ

17:30 – КАРДИФ – ЛОКОМОТИВ

20:30 – ШКУПИ – ЕНКАМП