ПСЖ ги започна разговорите со италијанскиот шампион Јувентус за купување на искусниот напаѓач Марио Манџукиќ. Вестите од Италија говорат дека преговорите се во напредна фаза, особено по последните проблеми со кои се соочија парижани, по повредите на двајцата голгетери.

„Светците“ останаа без услугите на Мбапе и Кавани, па Тухел итно бара замена за напаѓачкиот ред. Бидејќи Нејмар со една нога е на пат за Шпанија, останува токму да се свртат кон Хрватот кој е прекуброен во составот на Сари во Јувентус.

33-годишниот Манџукиќ најверојатно нема да игра редовно во Торино, па и самиот најавил дека не би имал ништо против да си замине.