Каталонскиот тим го направи последниот обид во битката за Нејмар, а Усман Дембеле е еден од оние фудбалери кои ПСЖ ги сака во своите редови.

Францускиот првак беше подготвен да го пушти Бразилецот доколку Барселона понуди 100 милиони евра и плус Дембеле и Семед, но двата тима и натаму не можат да постигнат договор.

Откако пред некој ден излезе шпекулација дека Французинот ќе ја напушти Барса, особено по оние измени на „Инстаграм“ профилот во јавноста се огласи менаџерот на фудбалерот.

“Усман 100% останува, нема шанси да замине. Сака и ќе победи во Барса“, изјави Муса Сисоко.

Во моментов францускиот фудбалер е повреден, пет недели ќе биде надвор од терените.