Навивач на германскиот Шалке ги пријави судиите на мечот со Баерн Минхен во полиција. Судијата Марко Фриц и судијата на ВАР, Бастијан Данкерт се обвинети за измама од страна на фанот со оглед дека не досуди два чисти пенали за „сините“ од Гелзенкирхен.

„Навистина има жалба за судијата и видео асистентот. Документацијата е предадена на службите кои го разгледуваат случајот“, велат од полицијата во Гелзенкирхен.

Фриц не досуди два пенали за Шалке откако во двата случаи имаше игра со рака. И во двете ситуации Фриц не сакаше да гледа ВАР.