Футсал првакот на Македонија екипата на Шкупи, денеска ги стартува своите мечеви во групата „Б“ во претквалификациите за Лигата на Шампионите. Ривал е составот на Кардиф од Велс, а мечот започнува во 20:30 часот, се игра во СРЦ „Кале“ во Скопје. Секако дека нашиот шампион е фаворит и се освен победа не се очекува ништо друго од момците на тренерот Зоран Лекиќ.

Во првиот меч, кој започнува од 17:30 се среќаваат Локомотив од Летонија од Велс и Енкамп од Андора. Инаку планот на чаирчани е без премногу мака да се добијат првите дуели со Кардиф и Енкамп, за да во сабота во битката за првото место се одигра максимално против Локомотив, се со цел на крајот Шкупи биде прв и се пласира во главните квалификации за ЛШ.

РАСПОРЕД НА МЕЧЕВИТЕ ВО – Б ГРУПАТА

ДЕНЕСКА:

17:30 – Локомотив (Лет) – Енкамп (Анд)

20:30 – Кардиф (Вел) – ШКУПИ (МКД)

ЧЕТВРТОК:

17:30 – Кардиф (Вел) – Локомотив (Лет)

20:30 – ШКУПИ – (МКД) – Енкамп (Анд)

САБОТА:

17:30 – Енкамп (Анд) – Кардиф (Вел)

20:30 – ШКУПИ (МКД) – Локомотив (Лет)