Додека прволигашките екипи на големо се подготвуваат за новата мак-сезона која дефинитивно ќе биде многу поинтересна од минатата, БИБЛ-лигата работи на кроење на изгледот.

„Спортмедиа“ дознава дека најверојатно единствен претставник во балканското натпреварување ќе биде амбициозниот АВ Охрид. Покана стигнало до уште една екипа, но веднаш одговориле негативно.

Добро е познато дека Марјан Илиевски, заедно со Блокотехна ја освоија титулата во БИБЛ-лигата.  Желбата на младиот тренер е одново да дојде до пехарот.

Според имињата кои ги доведе во АВ Охрид, но и листата на можни учесници во балканската лига која е далеку од она препознатливо ниво и ќе остане без бугарски екипи, ќе биде составена претежно од клубови од Косово и Албанија ќе има шанси да го повтори успехот.