Третолигашот Ново Црнилиште е хит во мак – фудбалот. Клубот од околината на Прилеп е доста споменуван во последно време, па дури и пошироко. Тој минатата среда беше светска атракција зошто во Штип, во меч од Купот, прими 22 голови. Но тоа не е се, има уште. Имено вчера во Прилеп овој третолигаш „успеа“ да прими нова дузина голови. Овојпат „само“ 11 и тоа од Победа во пријателски натпревар. Треба да им се каже на луѓето од Ново Црнилиште дека во фудбалот победува оној што ќе постигне што повеќе голови, а не тој што ќе прими. Навистина светски раритет е на два меча за само една недела да примиш дури 33 голови.