Крилото на Вардар, Тимур Дибиров со пет погодоци, исто колку и неговите колеги Иван Чупиќ и Даниел Шишкарев беа најсветлите точки во полуфиналето со Кил на ИХФ Супер Глоуб, кое го загубија со 34:30.

Вардарци се уште не се во вистинската форма за да можат соодветно да му се спротивстават на бундеслигашот, со кој ќе играат и во групната фаза од Лигата на шампионите, но тоа не беше проблем за Дибиров да подели некоја лекција, односно да го има погодокот на мечот.