Вечерва во Монте Карло, на церемонијата на извлекување на групите во Лигата на Шампионите, ќе се одбере најдобриот фудбалер на Европа во изборот на УЕФА. Од првичните десетмина, списокот е скратен на тројца. А тоа се Кристијан Роналдо (Јувентус), Вирџил Ван Дајк (Ливерпул) и Лео Меси (Барселона). Еден од нив ќе биде наследникот на Лука Модриќ кој лани беше прогласен за најдобриот фудбалер на годината во УЕФА изборот.

Во изборот учествуваа тренерите на сите 80 клубови кои играа минатата сезона во групната фаза во ЛШ и ЛЕ. Исто така гласаа и 55 претставници на медиумите од цела Европа, како и СПОРТМЕДИА од Македонија. Да ги споменеме тие што завршија од 4. па се до 10. место, а тоа се Бекер, Мане, Салах, Азар, Де Лихт, Де Јонг и Стерлинг.