Голгетерот Роберт Левандовски го обнови својот договор со Баерн Минхен, па наместо до 2021, сега тој ќе биде играч на баварскиот клуб до 2023 година.

„Баерн Минхен стана мој дом и со моето семејство имаме убав живот во Минхен. Баерн е еден од трите најголеми клубови во светот и имаме одличен тим и чест ми е што сум дел од него“, изјави Левандовски.

Левандовски во Баерн дојде во 2014 година од Борусија Дортмунд и до завршувањето на договорот ќе направи една деценија во Минхен.