Претседателот на КФСМ, Перо Антиќ уште пред да биде изгласан за прв човек на нашата „куќа на кошарката“ во својата програма најави значителни олеснувања во рабоатата на клубовите. Една од мерките покрај намалување на котизацијата во сениорските лиги, е пружање на помош на двата клуба кои поради одредени недостатоци немаа право да играат во своите сали во Супер-лигата и Плеј-аут лигата.

Станува збор за „Градски Парк“ и малата сала „Кале“. На официјалната прес-конференција по повод превземањето на СРЦ „Кале“ под капата на КФСМ, Антиќ најави дека се подготвени да им помогнат на Работнички и Вардар, како и сите оние клубови кои го имаат истиот проблем доколку секако и тие покажат интерес.

Во следниот период КФСМ, поточно посебни комисии ќе поминат во инспекција на овие две сали и ќе направат записник на сето она што треба да се отстрани, односно да се поправи за да ги исполнуваат условите и секако да играат во своите „домови“.

Се чини најпроблематична е салата „Градски парк“ која дефинитивно треба да се реновира, се додека некој од власите не го исполни ветувањето – нова сала. Досега видовме само макети, ништо повеќе.