Е, тоа е зависност, зависност од цигарите. Маурицио Сари, новиот стратег на Јувентус  поради проблеми со белите дробови, се уште нема свое деби на клупата на клубот од Торино. Се очекува тоа да го стори во сабота, против „својот“ Наполи.

Инаку познато е дека тој пред болеста пушеше и по 80 цигари дневно, и кога во Јуве се понадеваа дека конечно ќе престане со таа лоша навика, Сари вчера е фотографиран заедно со еден навивач со кутија цигари во раката. Кога го виделе тоа, челните луѓе на Јувентус збеснале.