излегоа првите конкретни информации од преговорите меѓу Барселона и ПСЖ за Нејмар. Според она што го објави „Радио Монте Карло“, конечниот предлог на Каталонците за нивниот поранешен играч е 150 милиони евра (на рати) плус Иван Ракитиќ и Усман Дембеле.

Француските медиуми објавуваат дека ниту ова не ги задоволува парижани, кои најверојатно истата ќе ја одбијат. Последното барање од ПСЖ е најмалку 220 милиони евра за Бразилецот, а во принцип тимот претпочита продажба без замена за други играчи.

Од Франција, стигна и веста дека денеска ќе има нова средба меѓу Бартомеу и Ал Келаифи и тоа на ждрепката за ЛШ во Монте Карло, па останува да се види дали ќе има некои придвижувања.