По повод Денот на рударите, шефот на државата Стево Пендаровски вчера беше во Македонска Каменица. Додека таму Саса го играше мечот од Купот против екипата на Вардар (0-5), Пендаровски го посети подмладокот на овој македонски фудбалски колектив.

„Благодарам за ФК Каменица Саса на честа што ме вклучивте во тимот со дрес број 20. Денеска во Македонска Каменица имав можност да ги видам и капацитетите на фудбалскиот подмладок и се надевам имаме идни фудбалски ѕвезди меѓу нив“, напиша Пендаровски на Твитер.