По убедливиот старт во претквалификаците во Лигата на шампионите во футсал, Шкупи забележа нова, рекордна победа. Нова жртва на македонскиот тим беше Енкамп од Андора, го совлада со 11-1 (6-0).

Шкупи во сабота ќе игра против Локомотив Д. од Литванија за место во финалето, по убедливата партија вечерва и со реми ќе успее да обезбеди место. Пласман во следната фаза ќе обезбеди само првопласираниот тим од секоја група. И Локомотив исто како избраниците на тренерот Зоран Лекиќ има две победи и максимални шест бода.

Триумфот го најавија уште во првото полувреме, по кое имаа водство од 6-о. Сулејман го отвори дуелот во петата минута погоди за 1-0, минута подоцна истиот фудбалер зглеми на 2-0 (постигна гол и во второто полувреме). Глигоров во деветата минута зголеми на 3-0. Голеадата на Шкупи ја продолжи Сефери со два гола во низа, Петровиќ беше стрелец погодокот број шест.

Во листата на стрелци се запишаа уште Шабани и Исмаили, еден од 11-те гола за Шкупи беше авто-гол на противничкиот фудбалер.

ТАБЕЛА: Шкупи 6 (12-1), Локомотив Д. 6 (12-4), Кардиф 0 (1-10), Енкамп 0 (4-18).