Стефан Ристовски, играчот на Спортинг Лисабон, почна да „трчкара“, односно да има лесни тренинзи. Тој има проблем со повреда, и се очекува сега да мине низ рехабилитационен процес, со што ќе се врати на терените.

Според прогнозите, Ристовски ќе се врати кон средината на септември. Тој, веројатно нема да биде на располагање на селекторот Игор Ангеловски за квалификациските натпревари со Израел и со Летонија.