„Спортмедиа“ вчера најави дека ракометната Лига на шампиони се враќа на МТВ. Сите мечеви на Вардар и Еурофарм Работник во најсилното европско клупско натпреварување ќе можеме да ги следиме на националниот сервис, кој подготвува нов посебен канал, наменет само за спорт.

Ова е одлична вест, особено за дуелите од Лигата на шампионите. Минатата сезона голем дел од Македонците мака мачеа со линкови за да го гледаат Вардар, дел од нив не можеа убаво да го проследат и финалето кое „црвено-црните“ го добија и по вторпат во својата историја станаа шампиони на Европа.

Уредникот на спортските вести на МТВ, Драган Николовски потврди дека МТВ ќе врши директен пренос и ги најави новитетите, спортски канал.