Поранешниот селектор на Шпанија и стратег на Барселона, Луиз Енрике ја загуби својата девет годишна ќерка, која боледувала од рак. Хана починала попладнево по петмесечна битка со тешката болест.

Стратегот смртта на ќерката ја обелодени на социјалните мрежи.

„Нашата ќерка попладнево почина на деветгодишна возраст, по петмесечна битка со остеосаркомата. Ќе ни недостасуваш многу, но секој ден ќе биде потсетување за нас дека еден ден ќе се сретнеме повторно. Ќе бидеш ѕвездата-водилка на семејството. Ви благодарам за дискрецијата и разбирањето.“

Остеосаркома е редок вид на рак на коските, кој ги напаѓа коските во развој и затоа се појавува кај мали деца и тинејџери.

Луис Енрике на крајот на март годинава во најголема тајност ја напушти селекцијата на Шпанија на само неколку часа пред квалификацискиот натпревар со Малта за ЕУРО 2020, а никој од националниот тим, ниту Федерацијата не ја обелодени причината.

Причината за неговото отсуство и комплетното повлекување од јавноста беше чувано во најголема тајна во изминативе месеци, а во јуни, тој и официјално се повлече од селекторската позиција.