Новата, 71. сезона во Формула 1 ќе биде најдолга во историја со вкупно 22 трки. Сезоната ќе стартува на 15 март во Австралија, а ќе заврши на 29 ноември во Абу Даби.

Од календарот е исфрлена Големата награда на Германија, потег кој особено ги налути германските фанови и поддржувачи на Себастијан Фетел, додека за ГН на Италија се чека официјална потврда со потпишување на договорот.

Две нови трки се додадени во календарот, ГН на Виетнам која ќе се вози на улиците на Ханој, која ќе биде трета трка во сезоната, а на сцената се враќа ГП на Холандија во Зандорт, каде Ф1 ќе се вози за првпат од 1985 година. Таа трка ќе биде и првата на европско тло.

Направени се две промени во распоредот на трките. ГН на Азербејџан ќе биде осма трка во сезоната, односно ќе се вози во вториот дел од јуни, додека има и замени на местата на трките во САД и Мексико.