Селекторот на Израел, Андреас Херцог, немаше големи изненадувања на списокот на фудбалери кои ги одбра за дуелот со Македонија.

Тој смета главно на оние играчи на кои сметаше и во минатите мечеви, со тоа што сега се враќа Моанес Дабур од Севиља.

ГОЛМАНИ: Ариел Харуш (Спарта Ротердам), Јоав Герафи (Хапоел ТА), Офир Марчиано (Хиберниан).

ОДБРАНА: Ели Даса (Хапоел ТА), Бен Битон (Хапоел ТА), Хатам Абд Елхамед (Селтик), Орал Дгани (Хапоел ТА), Лои Таха (Хапоел ТА), Раз Шломо (Хапоел ТА), Обри Бен Харуш (Локерен).

СР. РЕД: Берам Кајал (Чарлтон), Нир Битон (Селткик), Бибрас Натхо (Партизан), Дан Глазер (Макаби ТА), Гади Кинда (Беитар), Дор Перец (Макаби ТА), Алмог Кохен (Макаби Нетанја), Јонатан Кохен (Макаби ТА), Манор Соломон (Шахтјор Донецк).

НАПАД: Диа Саба (Гвангжу), Еран Захави (Гвангжу), Монас Дабур (Севиља), Томер Хемед (Чарлтон), Шон Вајсман (Волфсбергер).