Попладнево од 18 часот во Монте Карло, ќе се одржи ждрепката за групната фаза во ЛШ. Секако дека свој коментар има и Јирген Клоп, тренерот на актуелниот шампион на Европа, тимот на Ливерпул.

„Во овој момент не сум сигурен дека Ливерпул би можел да игра финале во ЛШ. Секако дека силно посакуваме, но ќе биде тешко, многу тешко. Имаме исти шанси како и другите екипи, не верувам дека екипите од Англија ќе доминираат. Погледнете само кои екипи ги има во вториот или третиот шешир, а од четвртиот може да го добиеме еден Лајпциг“ вели Клоп.

Инаку Ливерпул како првак на Европа е во првиот шешир.